„Дан-Кју“ со седум медали на меѓународниот џиу-џица турнир „Будва Опен“

1 min read

Македонскиот клуб за боречки вештини „Дан-Кју“ ја информираше јавноста дека се постигнати врвни резултати на меѓународниот турнир „БУДВА ОПЕН 2022“ во џиу-џица.

На овој турнир „Дан-Кју“ успеа да освои вкупно седум медали, од кои три златни.

Со злато се закитија Марко Цакончевски, Ина Цакончевска и Антонио Стојчески.

Потоа, сребрен медал освоија Марија Треневска и Љупка Огњановска, а бронза Јаким Колевски и Зоран Колевски.

Џиу-џица клубот „Будва“ после две години пауза, поради пандемијата на коронавирусот, продолжува со традиционалната организација, овојпат седмиот Европски џиу-џица куп под назив „Будва Опен 2022“ организиран во Медитеранскиот Спортски центар во Будва, Црна Гора.

Пријавени беа клубови од поранешните југословенски републики, како и клубови од други европски држави.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Владее хаос: Продолжува колапсот на биткоинот

Следно

Питички со зеленчук: Имаат гаранција за специјалитет од Европската комисија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian