Циципас за првпат во финалето на Мастерсот во Рим

1 min read

Стефанос Циципас е првиот финалист на Мастерс турнирот во Рим, откако во полуфиналната фаза го елиминираше Александар Зверев со 2:1 во сетови.

За првпат во својата кариера грчкиот тенисер Циципас ќе игра финале во италијанскиот главен град.

На денешниот меч Зверев успеа да го освои првиот сет со 6:4, а на Германецот за водство доволен му беше еден „брејк“ кој се случи во седмиот гем.

Во вториот сет имавме слична ситуација, повторно одлучи еден брејк, но овојпат во корист на Циципас, кој со 6:3 го израмни резултатот.

Третиот сет донесе доминација на Гркот, кој двапати беше беше подобар на сервисот на Зверев и со 6:3 се избори за пласман во големото финале.

Циципас ќе се бори за својата трета мастерс титула, а во финалната битка противник ќе му биде победникот од мечот Новак Ѓоковиќ (Србија) – Каспер Руд (Норвешка).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Курти: Србија не сака договор со Косово, Западот мора да ги предомисли

Следно

Која земја ќе биде домаќин ако Украина победи на Евровизија?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian