ВИДЕО: Одбележување на националниот ден на Лајонизмот во недела во Градски парк

1 min read

Лајонс Дистрикт 132 во недела на 15 мај ќе го одбележи националниот Лајонс ден. За таа цел гувернерката на Лајонс, Весна  Пецакоска и координаторот Хари Коцев денеска во Утрински брифинг ги повикаа  граѓаните да им се придружат во недела во Градскиот парк на  Школка.

– Настанот ќе започне во 10.30 часот и  ќе трае до 14.30 часот. Ќе го славиме  лајонизмот односно нашата хуманитарна работа. Лајонизмот во Македонија постои 25 години. Сојузот на Лајонс клубовите во Македонија се дел од едно огромно семејство на Лајонс клубови со седиште во Чикаго. Оваа година за прв пат го организираме традиционалниот ден на Лајонс,но планот е да се одржува секоја година во мај, вели Пецакоска.

Идејата е да се запознае населението со работата на Лајонс клубовите и доколку некој чувствува дека може да помогне некому, да се приклучи во некој  од клубовите.

Важно е да се промовира Лајонизмот во Македонија. Во недела тоа ќе се обидеме да го направиме на забавен начин, прку забава за целото семејство, но ќе издвоиме и дел за хуманост, која што е неизоставен дел од нашата мисија. Исто така  ќе доделиме награди за заслужни членови, рече Хари Коцев.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Посведочете ги трагикомичниот обид на Кендал Џенер да исече краставица и коментарите на „Твитер“

Следно

„Не викај пајак, земаме невеста“ – урнебесна порака од населбата Влае

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian