ВИДЕО | Најубавиот леден десерт: Сладолед сендвич по италијански рецепт кој ќе ве воодушеви

1 min read

Совршен десерт за децата, но и за возрасните…

Сакате да ги изненадите домашните со десерт во кој едноставно ќе се вљубат? Ви нудиме одличен предлог за сладолед сендвич според италијански рецепт кој откако ќе го пробате, ве уверуваме, дека постојано ќе го подготвувате.

Потребни состојки:

500 мл слатка павлака
150 гр маскарпоне
200 гр чоколадо
200 гр бисквити
млеко

Подготовка:

Изматете ја слатката павлака со маскарпоне сирењето. Додадете ситно сецкана чоколада (можете да помешате црна и бела), па добро промешајте.

Бисквитите натопете ги во млеко и наредете ги во калап, врз нив сипете го филот и над филот ставете уште еден ред бисквити, кои претходно повторно сте ги потопиле во калап. Оставете го десертот во замрзнувач да отстои најмалку четири часа.

Пријатно уживање!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Поранешниот градоначалник на Букурешт правосилно осуден на 10 години затвор

Следно

Ковачевски: Немаме заеднички прифатлив документ со Бугарија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian