Вардар 1961 е првиот финалист во Купот на Македонија

1 min read

Вардар 1961 ќе игра во финалето на ракометниот Куп на Македонија, во првото полуфинале одиграно во Кавадарци го победи тимот на Е. Пелистер 2 со 28:24 (13:11).

Борбата за куп трофејот кој го брани Вардар ќе биде в недела исто така во Кавадарци, а скопските „црвено-црни“ ќе играат против првиот тим Е. Пелистер или Бутел.

Во денешниот меч ниту една од екипите на стартот не се одвои со поголема разлика, па така во 10 минута Вардар имаше само гол предност од 6:5.

После 20 минути игра ракометарите на Давид Дејвис стекнаа „плус три“ позитива, а имаше и четири, највисоки во еден момент од дуелот.

Вториот тим на Е. Пелистер од Битола се врати резултатски, па на пауза скопскиот тим на семафорот имаше само „плус два“ (13:11).

После 10 минути игра во второто полувреме, Вардарци повторно имаа три голови разлика, 18:15.

Како наближуваше крајот на натпреварот, така и Вардар ја зголемуваше предноста. До крајот се играше гол за гол на двете страни, па актуелниот шампион запиша победа од 28:24.

Најдобар стрелец во победничките редови беше Тимур Дибиров со 10 голови, еден помалку имаше Филип Талески. На спротивната страна Милан Ѓукиќ и Павле Петровиќ имаа по шест гола.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Не викај пајак, земаме невеста“ – урнебесна порака од населбата Влае

Следно

Викенд хороскоп (13-16 мај): Спремете се за трансформација

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian