Шпанија ќе воведе тридневно боледување за жените со болна менструација

1 min read

Шпанија ќе стане првата западна земја што ќе нуди слободни денови за жените кои имаат болен менструален циклус. Имено, жените кои се во работен однос ќе може да земат најмногу три слободни дена месечно доколку имаат болки, пишува „Дејли мејл“.

Се очекува шпанската Влада да ја одобри новата мерка следната недела. Ваква мерка веќе постои и во други земји ширум светот, вклучувајќи ги Јапонија, Јужна Кореја, Индонезија и Замбија.

Во рамките на реформите најавени во Шпанија, училиштата ќе мора да обезбедат влошки за ученичките. Исто така, ќе биде отстранет и данокот на влошките и тампоните, кои ќе им се делат бесплатно на жени од маргинализирани групи.

Државната секретарка за еднаквост и против родово насилство, Анџела Родригез откри дека новите мерки имаат цел да го подобрат менструалното и репродуктивно здравје на жените во земјата.

„Правата поврзани со менструалното здравје никогаш не биле дискутирани, а податоците се застрашувачки. Секоја четврта жена не може да ги купи хигиенските производи поради финансиски причини. Затоа предлагаме тие да се делат бесплатно во едукативните и социјални центри“, изјавила Родригез.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Прифатено барањето на Е. Пелистер и Вардар околу бројот на странски играчи

Следно

СКАНДАЛ Фондот за здравство праќал пациенти во Германија да им се пресади коскена срцевина, без целосно да и плати на болницата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian