Шолц го повика Путин да се согласи на прекин на огнот во Украина

1 min read

Канцеларот Олаф Шолц во телефонскиот разговор со Владимир Путин го повика рускиот претседател што побрзо да се согласи на прекин на огнот во Украина, изјави портпаролот на германската Влада.

Шолц го потсетил Путин и на одговорноста на Москва за глобалната ситуација со храна.

-Примирјето е неопходно да се подобри хуманитарната ситуација во Украина и да се овозможи напредок во изнаоѓање на дипломатското решение за судирот, истакна портпаролот на германската Влада.

Претходно Кремљ соопшти дека Путин во телефонскиот разговор со Шолц „ги презентирал логиката и основните задачи на руската операција во Украина“.

-Владимир Путин детално ги наведе логиката и главните задачи на специјалната воена операција за заштита на народните републики во Донбас, а зборуваше и за мерките преземени за обезбедување на безбедноста на цивилното население, се наведува во соопштението на Кремљ.

Путин, според Кремљ, го информирал Шолц и за учеството на претставници на ОН и на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во евакуацијата на цивили од челичарницата Азовстал во Мариупол. (МИА)

kurir.mk

Претходно

Се бара оставка на Џафери: Недостоен е да го води Собранието!

Следно

Изминатата недела 4.646 граѓани ја користеле жичарницата до Милениумскиот крст

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian