Шампионска треска: Милан доби дури 200.000 барања за билети

1 min read

Серија А влезе во пеколна завршница и прашањето за италијанскиот шампион ќе се решава во последните две кола. Милан е во одлична позиција бидејќи има 80 бода, два повеќе од Интер и ги држи сите конци на судбината во свои раце.

До крајот на сезоната Милан треба да игра натпревари со Аталанта и Сасуоло, а Интер со Каљари и Сампдорија.

Навивачите на Милан се свесни за важноста на овој натпревар и многу од нив сакаат да бидат на трибините на „Сан Сиро“, но тоа нема да биде можно.

Имено, дури 200.000 луѓе се пријавиле за билет, но јасно е дека повеќе од половина од нив ќе треба да го гледаат натпреварот на ТВ екраните. Имено, „Сан Сиро“ има капацитет од 80.018 седишта и сите седишта се распродадени.

Натпреварот Милан – Аталанта е закажан за в недела од 18.00 часот, а во 20.45 часот Интер гостува кај Каљари, а доколку се поклопат работите, односно Милан победи, а Интер не успее, задутре „Росонерите“ би можеле да ја прослават титулата на Италија, прва од 2011 година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Маричиќ: Можно е фер решение со Бугарија, но тоа сега зависи од Софија

Следно

Лекарите даваат одговор: Што значи ако често имате дежа ву, чувство дека нешто веќе се случило

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian