Родна Живковска, Саво Климовски и Љубомир Јовески меѓу кандидатите за уставни судии

1 min read

По речиси една година откако Уставниот суд работи со намален број на судии поради испразнети места, денеска се состана собраниската Комисија за избори и именувања, откако пратениците, и од власта и од опозицијата, известиле дека сакаат да достават предлог-имиња.

Седницата ќе продолжи попладнево за да се утврди процедурата.

Треба да се утврди предлогот за избор на четири уставни судии, а владејачката партија неофицијално ги предлага, републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, Тања Васиќ, Скендер Рауфи и други.

Од опозицијата брифираат дека ќе достват предлог од шест кандидати, меѓу кои професорот Саво Климовски, Родна Живковска, Тодор Витларов и други.

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, досега во повеќе наврати апелираше до пратениците да седнат и да изберат уставни судии за да може судот да функционира.

Опозициската ВМРОД-ПМНЕ веќе три дена ја спроведува најавената активна блокада на работата на Собранието. Од партијата најавија дека нема да ги блокираат само оние закони кои се од интерес за граѓаните.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дајте музика со две златни бубамари и најава за голем концерт

Следно

Јакимовски: Не може да се планираат само згради, а не и образовна и социјална инфраструктура

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian