Прифатено барањето на Е. Пелистер и Вардар околу бројот на странски играчи

1 min read

Иако се најавуваше намалување на бројот на дозволени странски ракометари по натпревар (од осум на шест), во македонската Суперлига, тоа нема да се случи.

Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија донесе Одлука по пристигнато барање од РК Е. Пелистер и РК Вардар 1961 за бројот на странски играчи да остане непроменет односно како и во тековната сезона 2021/22.

– УО на РФМ постапи согласно Член 35 од Статутот поради итност на донесување на одлуки согласно Член 3 точка 11 „Одлука без присуство” од Законот за здружение и фондации (Сл. весник на РМ бр. 52 од 16.04.2010 год.) и го усвои предметното барање – информираат од федерацијата.

За натпреварувачката сезона 2022/23 при системот на натпревари при РФМ бројот на странци ќе изнесува осум.

Од нив пет имаат обврска да се репрезентативци во своите национални селекции во било која категорија, а останатите три по произволен избор на клубовите од кои се ангажирани.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Официјално 5 загинати лица во експлозијата во фабрика во Словенија

Следно

Шпанија ќе воведе тридневно боледување за жените со болна менструација

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian