Поранешен фудбалер на Баер Леверкузен осуден на 14 години затвор

1 min read

Судот во Истанбул го осуди поранешниот турски фудбалер Сезер Озтурк на 14 години и седум месеци затвор за убиство на маж по сообраќајна расправија, пренесуваа турските медиуми.

Осуден е фудбалер роден во Германија и поранешна голема надеж на турскиот фудбал, на 12 години и шест месеци затвор за „убиство со умисла по неоправдана провокација“ и уште две години и еден месец условна затворска казна за недозволено поседување оружје и нанесување на телесни повреди.

Обвинетиот се изјасни за невин, тврдејќи дека убиството го извршил во самоодбрана, но обвинителството смета дека поранешниот играч, сега угостителски претприемач, по расправија во сообраќајот бркал друг маж и го застрелал додека бегал.

Озтурк играше две сезони во Баер Леверкузен и уште една во Нирнберг, а во својата богата кариера ги носеше и дресовите на Фенербахче, Бешикташ и Башакшехир.

Ги помина сите младински селекции на Турција, но не запиша деби за сениорската репрезентација.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Хрватска го воведе еврото како официјална валута

Следно

ВИДЕО | Ништо не е невозможно: Нема ни раце ни нозе, но тој е неверојатен шминкер

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian