Политичката криза може да ѝ биде изговор на Софија за ветото, смета политикологот Ранѓеловиќ

1 min read

Магистерот по компаративна политика и демократија од Универзитетскиот колеџ во Лондон, Иво Ранѓеловиќ, гостуваше во „360 степени“ на Алсат, каде рече дека барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени избори е легитимно, но стратешки погрешно. Тој смета дека опозицијата треба да почека до јуни.

„Стратешки е подобро ВМРО-ДПМНЕ да почека до јуни и да види што ќе се случува со ветото, по што може да тргне во офанзива. Не треба да се заложи надворешната политика преку националниот интерес за ваш релативен успех или неуспех во локална политика“, кажа Ранѓеловиќ.

Ранѓеловиќ вели дека создавање на политичка криза во Македонија би можело да биде алиби за Софија да го рационализира ветото.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Децата ги трогнаа родителите до солзи со изненадувањето за 67-годишнината од бракот

Следно

Дневен хороскоп за 14 мај: Правете помали планови за да се изненадите од поголемите резултати

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian