Ѓоковиќ го совлада Оже-Алијасим за двојно славје во Рим

1 min read

Српскиот тенисер и воедно најдобар тенисер во светот Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во полуфиналето на турнирот во Рим, откако го победи Феликс Оже-Алијасим со 2:0 во сетови 7:5, 7:6.

Ѓоковиќ со оваа победа договори дуел со Каспер Руда, но уште поважно ќе остане на врвот на АТП листата!

Србинот беше одличен вечерва во Рим, почетокот на мечот доцнеше, но како одминуваше времето сè повеќе го подигнуваше своето ниво на игра, додека не дојде до совршенство во поени, кога не губеше поени на свој сервис.

Ноле ја користеше секоја прилика и затоа дојде до два брејка во првиот сет, од кои едниот беше да го освои самиот сет.

Ја исполни целта, остана на првото место, а неговиот следен ривал Каспер Руд, нешто порано беше подобар од Денис Шаповалов, човекот кој го исфрли Рафаел Надал од турнирот.

Циципас против Зверев за финале во Рим

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Голем пожар во Њу Делхи, загинаа најмалку 27 луѓе

Следно

ВИДЕО: Децата ги трогнаа родителите до солзи со изненадувањето за 67-годишнината од бракот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian