Официјално 5 загинати лица во експлозијата во фабрика во Словенија

1 min read

Според податоците на словенечката полиција, во несреќата што се случила во хемиската фабрика во Кочевје, официјално загинале пет лица.

Агенцијата Хина јави дека еден од двајцата работници кои се здобиле со тешки изгореници во експлозијата починал во четвртокот доцна навечер во љубљанскиот клинички центар, што го потврдил директорот на компанијата Меламин, Среќко Стефаниќ, како што додава хрватската агенција.

Сепак, според податоците на Клиничкиот центар Љубљана, објавени утринава нешто пред 7.30 часот на Твитер, повредените кои се префрлени во овој болнички центар се живи, но едно лице се уште не е идентификувано и е во многу лоша состојба.

Причина за овој трагичен настан најверојатно е човечката грешка на еден од вработените, која се случила при испумпување на суровини во складишниот простор, рече Стефаниќ, додавајќи дека дошло до трагична конфузија, односно замена на две хемиски суровини. објави Хина.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Градот ќе исплати дел од долгот кон приватните превозници

Следно

Прифатено барањето на Е. Пелистер и Вардар околу бројот на странски играчи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian