Некој сепак ќе одговара за трагичниот пожар во Тетово, се готви обвинение

1 min read

За трагедијата во Тетово и 14-те загинати луѓе во страотниот пожарот во модуларната болница на 8 септември минатата година, сепак не е виновен само продолжниот кабел – обвинителството лоцирало кривична одговорност кај три физички и едно правно лице и подготвува обвинение, објави Алсат.

„Обвинителите на предметот реферираа до Републичкото обвинителство и предметот е при крај. Во текот на наредната недела се очекува тој да биде доставен до Судот во Тетово на понатамошна постапка. По завршувањето на истрагата, ќе биде поднесена пријава против три физички и едно правно лице“, наведуваат од обвинителството за телевизијата.

Во текот на предистражната постапка, над 30 лекари и медицински сестри кои кобната ноќ беа ангажирани во ковид-центарот во Тетово, беа повикани да дадат исказ. Беа собрани и сведоштва од очевидци и од членови на семејствата. Во истрагата беа вклучени и германски експерти, чиј извештај пристигна пред три месеци.

Модуларната болница во Тетово, вечерта на 8 септември изгоре во страотен пожар. Животот го загубија 14 лица, од кои 12 пациенти и две лица кои се грижеле за своите блиски. По трагедијата, тогашниот министер за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани понудија оставки, но поранешниот премиер Зоран Заев не им ги прифати. Оставки поднесоа генералниот директор на тетовска болница Флорин Бесими и економскиот директор Артан Етеми.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Викенд хороскоп (13-16 мај): Спремете се за трансформација

Следно

Хрватска го воведе еврото како официјална валута

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian