Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска одржал средба со лидерот на Беса и тетовски градоначалник, Биљал Касами, како и функционерот на Беса, Фатмир Лимани.
Оваа информација на Фејсбук ја потврди и Лимани. Тој во јавноста е познат како роднина на Али Ахмети, а во Беса е од неодамна, откако се одметна од ДУИ. Лани, Лимани настапи како самостоен кандидат за градоначалник на Кичево на локални избори, и загуби од Фатмир Дехари од ДУИ.
Лимани во објавата на Фејсбук, меѓу другото посочи дека разговарале за коруптивните практики и нереализираните ветувања на ДУИ.
Во тој контекст, Лимани споменува барање на ДУИ за лиценца за приватна лотарија, злоупотреби во УЈП, како и неисполнето ветување за проширување на најфреквентниот пат во Чаир.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ засега не се огласуваат по средбата.