Лекарите даваат одговор: Што значи ако често имате дежа ву, чувство дека нешто веќе се случило

2 mins read

Што значи доколку често имате „дежа ву“ – оваа состојба може да укажува и на вашето здравје, открива познатиот руски лекар.

Сигурно барем еднаш во животот сте имале „дежа ву“ – силен впечаток дека сте виделе, слушнале или доживеале нешто претходно иако тоа во вашиот живот се случува првпат. Познатиот психолог Сигмунд Фројд сметал дека „дежа ву“ е парамнезија, односно дека новиот впечаток не потсетува на нешто од претходно, нешто што сме го заборавиле, потиснале или за тоа сме мечтаеле.

Постојат различни толкувања на „дежа ву“ појави кога станува збор за симболика, но докторите истакнуваат дека честото повторување на оваа состојба може да укажува на негативни процеси во организмот кои лошо се одразуваат на здравјето.

Неврологот Владимир Михајлов, доктор на медицински науки, началник на Институтот за невропсихијатрија и рускиот Национален истражувачки центар за психијатрија и неврологија, објасни дека честото повторување на ефектот „дежа ву“ може да биде ризичен по здравјето.

Докторот истакна дека „дежа ву“ е посебна состојба на духот во кој личноста доживува нови случувања како веќе да се случиле во минатото и може да се јави како последица на долготраен стрес, пореметување на сонот, температура или прекумерна работа. Исто така, истакна дека доколку „дежа ву“ ви се случува ретко и нередовно, тоа не влијае на здравјето и нема причина за загриженост.

Како што наведува докторот Михајлов, важно е да обрнеме внимание и да сфатиме сериозно кога „дежа ву“ ви се појавува еднаш неделно или почесто. Тогаш е неопходно да побарате помош од неуролог и да се консултирате со експерт. Кога „дежа ву“ ви се појавува исклучително често, тоа може да биде симптом на заболување на мозокот или темпорален облик на епилепсија. Напомена и дека зачестеното „дежа ву“ може да укажува и на пореметување на менталното здравје, па во ваква ситуација важно е да побарате лекарска помош.

Како што објаснува докторот, таквите нагли промени не треба да се препишуваат на случајност, туку е важно да се обратите за помош кај стручно лице кое јасно ќе открие дали „дежа ву“ кај вас е последица на стрес или е неопходно да обрнете внимание на физичкото здравје.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шампионска треска: Милан доби дури 200.000 барања за билети

Следно

Бектеши: Северна Македонија е моја колку и на Мицкоски, во неа живеат над 600.000 Албанци

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian