Кристијан Трајковски и официјално е во трката за претседател на НСДП

2 mins read

Кристијан Трајковски, еден од членовите на Новата социјалдемократска партија (НСДП) кој најави дека ќе се кандидира за лидер на партијата, денеска ја официјализира својата кандидатура.

Прашањето за нов партиски претседател се наметна откако долгогодишниот лидер, Тито Петковски, најави дека оди во политичка пензија.

Трајковски е актуелен директор на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор. Тој преку Фејсбук им порача на граѓаните и на своите сопартијци дека е „време за прогресивна, обединета и гласна НСДП, која ќе биде сериозна лева опција на политичката сцена и ќе дејствува како строг чувар на социјалдемократските и човечките вредности, без разлика дали тоа ќе го прави од позиција на власт или опозиција“.

– Време е за победа. Сега на партијата ѝ треба лидер кој ќе може да се исправи пред партиските, државните и меѓународните предизвици. Лидер кој ќе одолее на личните интереси и ќе остане посветен на идеологијата која нѐ поврзува, на нашата солидарност и бескомпромисна борба за правда. Време е за нова енергија и нови луѓе, кои ќе градат врз темелите на наследството од минатото и ќе ја донесат НСДП во следната фаза од нејзината политичка еволуција, порачува Трајковски.

НСДП, вели Трајковски, секогаш била партија каде се пронаоѓа преку напорната работа и борбите кои ги водел заедно со членовите, симпатизерите и поддржувачите.

– НСДП стана мојот дом. Денес, НСДП е моето проширено семејство во кое одлучив да ги вложам сите мои капацитети и знаење, моето срце и душа. Нема да дозволиме политичкиот опортунизам, поделбите и омразата меѓу нашите сограѓани да се зголемува и продлабочува. Политички опортунизам и поделби од кои за жал не е лишена ниту нашата НСДП, порачува Трајковски.

Партискиот Централен одбор се очекува утре на седница да ги утврди кандидатите за лидер на НСДП.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Извонредно откритие: Видете ја Црната дупка во срцето на нашата Галаксија

Следно

Шведска и Финска се надеваат на разговори в сабота со Турција за нивната апликација за членство во НАТО

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian