Ковачевски: Немаме заеднички прифатлив документ со Бугарија

1 min read

Министерствата за надворешните работи на Македонија и Бугарија комуницираат, но немаат усогласено документ кој може да биде основа за носење одлуки во двете држави, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски. Одговорајќи на новинарски прашања, Ковачевски истакна дека на земјава и треба решение кое ќе биде прифатено во двете држави и за кое ќе постои консензус.

– Што се однесува до јуни како некаков датум, точно е дека тогаш ќе има Самит на ЕУ, но ние воопшто не се врзувавме со датуми зашто ни треба решение кое ќе биде прифатено во двете држави и за кое ќе постои консензус, бидејќи тоа треба да биде основа за градење на односите меѓу Македонија и Бугарија во иднина, како меѓу себе, така и во рамки на ЕУ – потенцира Ковачевски на прашањето со какви пораки се враќа од Брисел и дали има поголем оптимизам сега за придвижување на работите во јуни.

Тој потврди дека со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел разговарал за проширувањето на ЕУ и за статсуот на преговорите со Бугарија. Во овој контекст повтори дека преговорите се водат принципиелно, врз основа на европските вредности, врз основа на достоинство и почит меѓу политичарите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Најубавиот леден десерт: Сладолед сендвич по италијански рецепт кој ќе ве воодушеви

Следно

Швајцарија му даде уште време на Северен поток 2 за подмирување на финансиите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian