Градот ќе исплати дел од долгот кон приватните превозници

1 min read

По вчерашниот состанок меѓу приватните превозници и Град Скопје, договорено е да се обезбеди гориво за да може да се вратат дел од автобусите од линиите 19 и 20. 

Превозниците Макекспрес и Слобода превоз не сообраќаа на линиите 19 и 20, со што жителите од Шуто Оризари немаа никаква опција за превоз до другите делови од градот. 

Долгот на Град Скопје кон двете претпријатие изнесува 85 милиони денари од кои кон „Слобода превоз“ се 55 милиони денари за три месеци и кон „Макекспрес“ вкупно 30 милиони денари.

skopjeinfo.mk

Претходно

Почнува првото судење за воено злосторство во Украина: Наредено ми беше- пукав во човекот, тој падна, а ние продолживме понатаму

Следно

Официјално 5 загинати лица во експлозијата во фабрика во Словенија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian