ФОТО+ВИДЕО | Уметницата беше спектакуларна: Целата публика во Торино аплаудираше со Констракта

1 min read

Српската претставничка Ана Ѓуриќ, позната како Констракта, успешно се пласираше во финалето на музичкиот натпревар Избор на песна за Евровизија, кое ќе се одржи на 14 мај во Торино, Италија.

За време на нејзината изведба на песната „In Corpore Sano“ во второто полуфинале, во кое настапи под реден број 3, таа беше пречекана со силни аплаузи и овации од многубројната публика во арената „Пало Олимпико“. Дефинитивно, уметницата беше спектакуларна!

Фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

„Возбудена сум, но не сум нервозна. Малку сме под стрес поради големата возбуда во Србија“, изјави Констракта пред нејзиниот настап.

Организаторите на Евровизија го објавија редоследот на настапите во финалето, според кој Констракта ќе настапи под реден број 24, односно претпоследна од сите 25 финалисти.

Фото: Фејсбук, Евровизија

Покрај Србија, во финалето се влегоа и Финска, Азербејџан, Австралија, Естонија, Романија, Полска, Белгија, Шведска и Чешка. За жал, нашата преставничка Андреа Коевска и претставниците на Израел, Грузија, Малта, Сан Марино, Кипар, Ирска и Црна Гора нема да ги видиме за време на финалната вечер на Евровизија.

Како потсетување, во првото полуфинале, кое се одржа на 10 мај, сво место во големото финале добија и изведувачите од Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија. Претставниците на Албанија, Латвија, Словенија, Бугарија, Хрватска, Данска и Австрија не се пласираа во финалето.

ВИДЕО | Едноставна, а моќна: Андреа со одличен настап во Торино

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Мајами во финалето на Истокот, Дончиќ обезбеди „мајсторка“

Следно

ВИДЕО | Генерал Хаџи Јанев: Путин сега виде дека не е лесно да се победи народ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian