Брестовац се раздели со Ал Мадар, иако освои две титули во Саудиска Арабија

1 min read

Данило Брестовац својата прва сезона на клупата на ракометниот клуб Ал Мадар од Саудиска Арабија ја освои шампионската титула.

Од клубот објавија со меѓусебна согласност е раскинат договорот со македонскиот тренер, а екипата во следните мечеви ќе биде предводена од капитенот на тимот Хасал Ал-Џанаби.

Покрај трофејот во тамошната лига, Брестовац со Ал Мадар го освои и Суперкупот на Саудиска Арабија.

Претходно во клупската кариера ги водеше и екипите на скопски Металург и Ред Бојс Диферданж од Луксембург.

Беше и асистент тренер во францускиот ракометен клуб Шамбери, како и селектор на сите машки репрезентации на Македонија. На Мундијалот во Египет со најдобрата селекција го освои 23 место.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Момче од Србија е префрлено на лекување во Италија поради нов тип на хепатитис

Следно

ФОТО | Хурем Султан пристигна во Црна Гора, ужива во луксузен ресорт

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian