Бектеши: Северна Македонија е моја колку и на Мицкоски, во неа живеат над 600.000 Албанци

2 mins read

Министерот за економија, Крешник Бектеши, вечерва во гостување на ТВ21 му одговори на Христијан Мицкоски, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го нападна во врска со спорните изјави во Тирана.

Бектеши пред неколку дена во Тирана, откако албанска новинарка му се обрати со „македонски министер“, реагираше поправајќи ја дека тој не е македонски, туку Албанец кој ја претставува Северна Македонија.

Мицкоски на ова реагираше оценувајќи дека е „непријателски акт кога министер се срами да каже дека е „македонски““.

Бектеши вечерва, во одговор на Мицкоски рече дека му е чест што е министер на Република Северна Македонија, но и одговорност затоа што ги застапуваа сите граѓани во државата и сите етникуми.

– Што се однесува до мојата изјава, јас се произнесов дека по националност сум Албанец и ова е реалност, исто како што е реалност дека над 600.000 илјади Албанци живеат во Северна Македонија. Колку што Северна Македонија му припаѓа на господинот Мицкоски, толку ми припаѓа и мене. Колку што се грижам јас толку треба и тој да се грижи. Не треба да го оживееме национализмот, да не го поларизираме општеството со вакви теми затоа што имаме позначајни работи. Главниот фокус за нас како Влада, но и за нив како опозиција, треба да биде подобрување на животниот стандард на граѓаните, изјави Бектеши.

Инаку, на неодамна одржаниот попис на населението во земјава, како Албанци се изјаснија 24,3 отсто од граѓаните, односно 446.321 граѓанин, од вкупното резидентно население (1.836.713). Дополнително, од 258.932 граѓани попишани во дијаспората (кои живеат надвор од С. Македонија повеќе од една година), како Албанци се изјаснија 66,42 отсто, или околу 170.000 граѓани.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Лекарите даваат одговор: Што значи ако често имате дежа ву, чувство дека нешто веќе се случило

Следно

Македонка избрана за министерка во словенечката влада, ќе раководи со дигитализацијата на земјата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian