Жена по 10-ти пат се искачи на Монт Еверест

1 min read

Шерпаска од Непал го собори сопствениот рекорд како најуспешна жена планинарка која се искачила на Монт Еверест. Оваа 48-годишничка денеска по 10-ти пат се искачи на највисокиот врв на светот.

Лакпа Шерпа и други неколку алпинисти го искористија поволното време и рано утринава се искачија на врвот од 8.849 метри надморска височина, како што изјави нејзиниот брат и организатор на експедицијата, Мингмпа Гелу, за тамошните медиуми.

Иако по потекло од Непал, Лакпа живее со своите три деца во Западен Хартфорд, Конектикат, САД.

Друг Непалец, Ками Рита во саботата по 26. пат се искачи на Монт Еверест, исто така соборувајќи го својот светски рекорд.

kurir.mk

Претходно

ВИДЕО | Анализа: Едно општество за сите како гаранција за нашата државност

Следно

Кјелини ќе го напушти Јувентус на крајот од сезоната

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian