Вучиќ: Како да се објасни дека за Македонија нема одлука, а има за некои за кои до вчера не се размислуваше

1 min read

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ по синоќешната вечера на министерот за надворешни работи на ЕУ, Жосеп Борел, со лидерите на Западен Балкан во Брисел, изјави дека јуни ќе биде доста интересен бидејќи се очекува голем самит, кој Французите ќе го организираат на 23 јуни.

Според него, ќе биде „многу интересно“ и за одлуките кои ќе се донесат, пренесуваат српските медиуми.

„Ќе биде многу интересно и за одлуките што ќе се донесат. Како да објасните дека немате позитивна одлука за нив (Македонија), а има за некои за кои до вчера не се размислуваше. Ситуацијата не е едноставна и мораме да носиме рационални одлуки“, посочи тој.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Продолжува монтажата на звучните сигнали на семафорите и обележувањето на такси станиците на улиците во општина Центар

Следно

Рекордни 68.000 фанови го гледале младинското финале на ФА Купот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian