Во Германија уапсено 16-годишно момче кое планирало бомбашки напад во училиште

1 min read

Германската полиција во Есен приведе 16-годишно момче, откако во неговиот дом пронашла материјали за изработка на бомби. Тинејџерот е приведен под сомнение дека планирал напад во училиште.

Министерот за внатрешни работи на покраината Северна Рајна Вестфалија, Херберт Реул изјави дека материјалите за правење бомби и други експлозивни материи биле откриени утрово за време на рација во домот на тинејџерот.

Набргу потоа, полицијата започна голема операција во две училишта во Есен.

– Полицијата најверојатно спречила кошмар, посочи Реул. (МИА)

kurir.mk

Претходно

Нема заедничко патување во Рим на Ковачевски и Петков

Следно

Продолжува монтажата на звучните сигнали на семафорите и обележувањето на такси станиците на улиците во општина Центар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian