ВИДЕО: Јокиќ ја прими МВП наградата во својот Сомбор

2 mins read

Никола Јокиќ сега и официјално е прогласен за најкорисен играч во најдобрата светска кошаркарска лига (НБА).

На српскиот центар му беше приреден прав спектакл со доделувањето на наградата, откако делегација на Денвер нагетс одлета директно во Сомбор (родниот град на играчот) каде му беше доделен трофејот.

Во гласањето Јокиќ доби 875 поени, пред Џоел Ембид (Филаделфија сиксерс) кој доби 706, а трет заврши Јанис Адетокумбо (Милвоки бакс, 595).

Минатата сезона Јокиќ на теренот го освои МВП трофејот, а сега наместо таа награда за одличната сезона, му беше доделена кристална топка.

Причината за тоа е што цела НБА сезона одбележува голем јубилеј, 75 години постоење, а на Јокиќ му беше врачен специјален трофеј кој ќе му биде врачен дури оваа година, па центарот на Денвер Нагетс ќе биде единствениот во историјата кој ќе го добие тоа!

Од САД пристигнуваат вести дека српскиот кошаркар ќе го добие традиционалниот МВП трофеј на посебна церемонија која ќе се одржи подоцна во сезоната.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

САД бараат Грција да испрати борбени авиони на Крит

Следно

Се огласи албанската претставничка: Победив на Евровизија!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian