ВИДЕО | Едноставна, а моќна: Андреа со одличен настап во Торино

1 min read

Пред малку заврши настапот на нашата евровизиска претставничка Андреа Коевска, која настапи со својата песна „Circles“ под реден број 11.

Иако имаше прилично едноставен настап, Андреа имаше моќна вокална изведба и совршено ја пренесе емоцијата на нејзината песна. Со други зборови, им одржа лекција на своите поискусни колеги од македонската музичка сцена.

Облечена во монохроматска модна комбинација, за која се погрижи нашата стилистка Цаци Паковска, нашата талентирана пејачка остави убав впечаток на евровизиската сцена.

Андреа, стискаме палци за влез во финалето!

Наскоро ќе биде објавена и снимката од нејзиниот настап.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Расте бројот на жртви во големата експлозија во Словенија

Следно

СПЦ на 15 мај веројатно ќе го прекине расколот со Охридската архиепископија, пишува „Блиц“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian