ВИДЕО: Барди и Леванте испаднаа од „Ла Лига“

1 min read

Во 36 коло од најсилното шпанско првенство Реал Мадрид на домашен терен го декласираше Леванте со резултат 6:0. Овој пораз (19 сезонава) значеше и официјално испаѓање на Леванте од „Ла Лига“.

„Кралевите“ кои веќе ја обезбедија титулата, сите дилеми ги решија уште во првиот половина час.

Во 13 минута гол-серијата ја започна Менди, па во 16 минута предноста ја зголеми Бензема, а за 3:0 се погрижи Родриго.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди настапи од 39 минута како замена за Радоја.

Пред паузата составот на Карло Анчелоти го запиша и четвртиот погодок кој го реализираше Винисиус Јуниор, а истиот играч со два гола го комплетираше хет-трикот во вториот дел.

На врвот Реал има 84 бодови, додека Леванте е на последната 20 позиција со 29 бодови.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Драма во Мостар, Американец за влакно ја избегна смртта по скок од мостот висок 25 метри

Следно

ФОТО | „Да живнеме“: Се одржа јубилејното 25. издание на „Златна Бубамара“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian