ВИДЕО | Балканец пече јагне во двор, гневниот сосед Швајцарец „интервенира“ со ПП-апарат

1 min read

На социјалните мрежи се појави видео за кое се тврди дека е снимено во Швајцарија и на кое се гледа несекојдневна пресметка меѓу Балканец и неговиот сосед- автохтон Швајцарец.

Повозрасниот човек, на кој во снимката му се обраќаат со Дејан, според српските медиуми, е од Босна. Тој одлучил да сврти јагне на ражен во дворот од неговата куќа, но тоа го разгневило неговиот сосед, кој дошол со противпожарен апарат и со извици на германски дека тоа е забрането, на прилично агресивен начин се обидува да го спречи Балканецот и да му го изгасне огнот.

Тензичната комшиска која настана поради цивилизациски разлики, лесно можеше да прерасне и во отворен физички судир. На крајот, Дејан и неговиот пријател попуштија, а нервозниот сосед Швајцарец, на кого му викнаа полиција, успеа да го изгасне огнот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бесплатни очни прегледи за првачињата од Ѓорче Петров

Следно

Јупитер во Овен: Станувате семоќни и полни со ентузијазам!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian