Љубовна Евровизија: Црногорката Владана го освои 11 години помладиот Стефан од Естонија

2 mins read

Евровизија е одлична можност за промоција на артистите, но и за дружба меѓу евровизиските претставници. Исто така, љубовните врски меѓу пејачите не се ретка појава. Минатата година, претставниците на Азербејџан и Норвешка започнаа врска која трае и ден-денес, а годинава Владана Вучиниќ од Црна Гора и естонскиот пејач со ерменско потекло Стефан Хајрапетјан се новиот пар.

Деновиве, Владана и 11 години помладиот Стефан не ги кријат насмевките, а хемијата која постои меѓу нив ја посведочиле сите во Торино. Тие се запознале уште во Романија и се дружеле за време на националниот избор во Букурешт. Таму го започнале својот пријателство, кое со текот на времето прераснало во нешто повеќе.

„Тие двајцата не се раздвојуваат, по цел ден се заедно во Торино. Исто така, не им е проблем и што постојано се окружени со претставниците на медиумите, како и со фановите на натпреварот“, вели близок пријател на парот.

Владана и Стефан ќе ги бранат боите на своите земји на вечерашната втора полуфинална вечер.

„Стефан е прекрасно момче. Симпатен, талентиран и харизматичен. Му беше интересно да дознае нешто повеќе за Црна Гора. Се запознавме во Букурешт за време на националниот фестивал, во моментите кога бегалците од Украина пристигнаа во Романија. Мислам дека неговото ерменско потекло е нешто што на нас, Балканците ни делува пријатно. Слични сме. Стефан е, дефинитивно, еден од најзгодните изведувачи на годинашната Евровизија“, изјавила Владана за српскиот медиум „Курир“.

Констракта се огласи по нападите: Земјата е рамна плоча, Тупак е жив

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ѓоковиќ убедливо до четвртфиналето на мастерсот во Рим

Следно

Владика Петар: СПЦ и БПЦ нѐ именуваат како Македонска православна црква

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian