Синот на Катица Јанева: Мајка ми е неправедно осудена, има многу информации и еден ден ќе ги каже

2 mins read

Синот на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, адвокатот Лазар Јанев, во интервју за „А1он“ откри детали од процесот во случајот „Рекет“ во кој беше осудена Јанева, оценувајќи дека пресудата била донесена без докази, како и дека како шефица на СЈО, неговата мајка трпела силни притисоци „од сите“.

„Има што да каже, премногу собира за овој период, сметам дека има толку многу информации што едноставно може да експлодира од нив. Ми има кажано само дел. Има време, млада е уште, и да остане пресудата како што е, ќе дојде ден кога таа ќе каже што ѝ лежи на срце“, вели Лазар Јанев.

Тој раскажа за претресите во нивниот дом, следењето на нивните телефони, а се осврнува и на прашања поврзани со работата на Катица Јанева во сега згаснатото Специјално јавно обвинителство (СЈО).

„Многу работи сега стануваат јасни“, вели тој.

„Кај нас не дојдоа да ја бараат гарнитурата ниту, пак, милиони, туку друго. Кај нас се бараа прислушкувани разговори. Првата наредба за претрес јас ја прочитав и пишуваше УСБ стикови, хард дискови. Имаше мала фонтана во дворот каде живееше мајка ми и во фонтаната се бараше. Се бараа и во пералната, секаде се бараа. Истата работа се случи и по 40 дена. Дојдоа, бараа прислушкувани разговори и еден од истражителите пред мене се јави и претпоставувам дека разговараше со Вилма Русковска кога кажа ‘Јас најдовме тука е’, мислеше на гарнитурата која беше ишарана од нашата внука. Ние ни на крај памет не помислвме на таква работа“, вели Јанев.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сите досегашни македонски претставници на Евровизија: „Proud“ нѐ направи горди, а цела Европа танцуваше на „Нинанајна“

Следно

Смртниот биланс од експлозијата во фабрика во Словенија се зголеми на пет лица

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian