Се огласи албанската претставничка: Победив на Евровизија!

2 mins read

Албанската претставничка Ронела Хајати не обезбеди пласман во финалето на Евровизија, а многумина се разочарани од исходот. Според многубројната публика, пејачката имаше еден од најенергичните настапи, а социјалните мрежи од завчера се преплавени со гневни коментари. Покрај Албанија, фановите сметаат дека оштетени се и Австрија и Литванија.

„Ова е кражба на вечерта“, „Австрија, Албанија и Литванија ограбени се“, „Што не е во ред со Европа? „Албанија мораше да биде во финале“, „Кажи ми како е можно да се живее во светот каде што Швајцарија може да ја победи Албанија?“,… можело да се прочита на Твитер.

И самата Ронела било видно вознемирена откако не се пласирала во финалето.

Во моментот кога водителот изговорил дека Холандија е последната држава која се натпреварувала во финалето, камерманите ја снимиле Албанката и нејзиниот тим, кои биле видно разочарани од пласманот.

На Ронела на лицето ѝ напишало дека не е среќна, како и на остатокот од нејзиниот тим.

Многумина се на мислење дека Ронела Хајати требало да се пласира во финалето.

Сега, Албанката за првпат по поразот се огласи на мрежите и сподели како се чувствува. Таа сподели фотографија со својот тим со зборовите:

„И да влезев во финале, ќе бев последна! Знам! Но, количината на љубов што ја добив е огромна! Победив на Евровизија затоа што ја освоив публиката! И публиката е секогаш во право! ВЕ САКАМ“, напиша Ронела и го оставила целиот свет без здив со својата позитивна енергија откако дознала дека нема да се натпреварува, што за неа, судејќи по изразот на лицето, бил голем удар.

Многумина ја поддржаа по откажувањето од Евровизија, но имаше и такви кои не ја пропуштија можноста да се пошегуваат на сметка на нејзиниот настап.

ВИДЕО | На албанската евровизиска претставничка организаторите ѝ го цензурирале настапот

ВИДЕО | На албанската евровизиска претставничка организаторите ѝ го цензурирале настапот

ВИДЕО | Еве како се одвиваше првата полуфинална вечер на Евровизија и кои земји продолжуваат понатаму

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Јокиќ ја прими МВП наградата во својот Сомбор

Следно

ВИДЕО | Анализа: Едно општество за сите како гаранција за нашата државност

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian