Рекордни 68.000 фанови го гледале младинското финале на ФА Купот

1 min read

На „Олд Трафорд“ се собрале рекордни 67.492 гледачи да го гледаат финалето за играчи до 18 години во кое Јунајтед го совладал Нотингем Форест

Младинското финале на ФА Купот во Манчестер го гледале дури 67.492 гледачи на „Олд Трафорд“, што е рекордна посетеност на финалните мечеви во младинска конкуренција на ова натпреварување. Подмладоците на Манчестер јунајтед и Нотингем Форест (генерација до 18 години) изиграле интересен меч во вистинска дерби-атмосфера достојна за мечеви од Премиерлигата, а победил домаќинот со 3-1.

Претходниот рекорд на посетенот на финалето од младинскиот ФА Куп бил 38.187 гледачи, кои го следеле полуфиналето помеѓу Арсенал и Манчестер јунајтед, во 2007 година.

Меѓу гледачите на вчерашниот меч бил и легендарниот Сер Алекс Фергусон, потоа некогашните играчи Мајкл Карик, Брајан Робсон, како и активните членови на „црвените ѓаволи“ Давид де Хеа, Хери Мегвајер, Бруно Фернандес.

Ова е првпат младинците на Манчестер јунајтед да го освојат ова натпреварување, од 2011 година. Инаку, Јунајтед е рекордер во вакви титули, ги има вкупно 11.

Иако е се уште рано да се предвидува, фановите на Јунајтед ги споредуваат овие млади фудбалери со генерацијата на Дејвид Бекам, Пол Сколс, браќата Невил и сонуваат за подобри денови на нивниот омилен клуб.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вучиќ: Како да се објасни дека за Македонија нема одлука, а има за некои за кои до вчера не се размислуваше

Следно

ФОТО | Целосна спротивност на мајка и: Ќерката на Џенифер Лопез на удар на критики затоа што негува поинаков изглед

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian