После голем пресврт, Надал елиминиран од турнирот во Рим

1 min read

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е елиминиран од Мастерсот во Рим, откако во осминафиналето подобар од него беше Денис Шаповалов.

Канаѓанецот успеа да му се реваншира на Надал за поразот на грен слем турнирот во Мелбурн, „Австралија Опен“, со резултат 2:1 во сетови 1:6, 7:5 и 6:2.

Надал, десеткратниот освојувач на турнирот во вечниот град, нема да има можност да го одбрани трофејот освоен лани, кога во финалето го совлада Новак Ѓоковиќ.

Противник на Денис во борбата за полуфинале ќе биде Каспер Руд (Норвешка) кој со 2:0 (6:3, 6:4) го совлада Американецот Џенсон Бруксби.

Четвртфинале, двојки

Мастерс, Рим

Ѓоковиќ – Оже Алијасим
Шаповалов – Руд

Синер – Циципас
Гарин – Зверев

Ѓоковиќ убедливо до четвртфиналето на мастерсот во Рим

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Грчкиот парламент го потврди договорот за одбранбена соработка со Америка

Следно

ВИДЕО | Андреа не влезе во големото финале на Евровизија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian