„Одлета мојот ангел“: Јулија Мациевска со трогателна објава по смртта на нејзината ќерка

1 min read

Денес почина 41-годишната уметница Андријана Мациевска, ќерката на познатата пејачка и водителка Јулија Мациевска, по долга и тешка борба со ракот.

Скршена од болка, Јулија се огласи на социјалната мрежа Фејсбук каде што напиша трогателна објава.

„Мојот ангел одлета, ми се откорна од срцето, од утробата мојата прва љубов, мојата единствена роза, мојата Андријана. Мојата зеница, мојата светлина, моето добро девојче, мојата голема уметница… боли, боли, боли“, пишува Јулија.

Погребот ќе биде одржан утре, петок (13.5.2022) во 14ч., во капелата на градските гробишта Бутел.

Фото: Скриншот, Фејсбук

Пред само неколку дена, Јулија јавно упати апел на социјалните мрежи со цел луѓето да се помолат за влошената состојба на нејзината ќерка Андријана, која храбро се бореше со здравствената ситуација.

„Драги мои пријатели, помолете се за моето девојче, за мојата хероина, мојата светлина. Молете се за Божје чудо, зашто Андријана во болка се бори за својот живот на Клиниката за онкологија. Верувам дека Бог ќе направи чудо, зашто за Бога е возможно сè. Секој на свој начин испратете љубов, испратете молитва, да го крене моето девојче. Господе помилуј, Оче спаси нас“, напиша Јулија тогаш.

Фото: Скриншот, Фејсбук

Искрено сочувство до семејството и пријателите на Андријана. Нека почива во мир.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Скопјани секој ден пријавуваат каснувања од кучиња, вчера настрада и малолетничка

Следно

Бугарија очекува „конкретни чекори и гаранции“ од Скопје за да го крене ветото

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian