Не се враќа во Барса, Кутињо во Астон Вила до 2026 година

1 min read

Филипе Кутињо беше играч на Барселона од 2018 година, играше на позајмица во Баерн Минхен, потоа и во Астон Вила каде се пресели на почетокот од годинава.

Астон Вила ја информираше јавноста дека Бразилецот од денеска е полноправен член на премиерлигашот.

Клубот не ја откри цената, но според италијанскиот новинар Фабрицио Романо се верува дека Барса го продаде играчот за 20 милиони евра.

Играчот за врска во нападот потпиша договор со Астон Вила кој ќе трае 2026 година.

Менаџерот на екипата, Стивен Џерард е задоволен од перформансите на бразилскиот фудбалер кој досега запиша четири гола и три асистенции.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Албанскиот парламент не ја усвои резолуцијата за признавање на геноцидот во Сребреница

Следно

Сите досегашни македонски претставници на Евровизија: „Proud“ нѐ направи горди, а цела Европа танцуваше на „Нинанајна“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian