МТСП и СОНК договорија нова средба за преговори, на 17 мај

1 min read

Барањата кои се дел од одлуката за штрајк на вработените во градинките и прашањето за платите на вработените за време на штрајк биле тема на разговор на денешната средба меѓу министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков, на која присуствувале претставници од двете страни во дијалогот.

– Страните разговараа и за формирање работна група за нов колективен договор за предучилишните установи, чија важност истекува со јуни. Новиот колективен договор треба да понуди нови решенија кои ќе значат унапредување на предучилишното згрижување и воспитување. На состанокот беше договорено дека дијалогот продолжува и воедно се договори следна средба на 17 мај со цел изнаоѓање решенија во рамки на позитивните законски прописи, соопшти Министерството за труд и социјална политкка за денешната средба со СОНК.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Јупитер во Овен: Станувате семоќни и полни со ентузијазам!

Следно

Американските сенатори ветуваат брза поддршка за членството на Финска во НАТО

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian