Макрон барал групата „Манескин“ да се дисквалификува од Евровизија

2 mins read

Францускиот коментатор и водител Стефан Берн лани ја коментираше Песна на Евровизија во Ротердам, кога наводно добил итна порака од францускиот претседател Емануел Макрон, пишува „Би-би-си“.

Гласовите пристигнувале, а на второ место била Французинката Барбара Прави – но се ширеле гласини дека Дамиано Давид, пејачот на италијанскиот „Манескин“, кои водеа и на крајот победија на Евровизија во Ротердам, наводно консумирал кокаин во текот на големото финале, што подоцна се испостави дека воопшто не е точно.

Фото: Instagram

– Тоа беше голем, голем неред. Добив толку многу пораки на мојот мобилен телефон – дури и една од францускиот претседател – во кои ми беше кажано дека „Манескин“ мора да бидат дисквалификувани, при што беше нагласено: „Мораш нешто да направиш, те молам“ – се присетил Берн и додал:

– Францускиот министер за европски прашања, кој беше во Ротердам на натпреварувањето, исто така ми испрати пораки: ‘Што да правиме, што да правиме? Ве молам направете нешто’. Но, што можев да направам? Јас не бев домаќин. Јас не сум претседател на Евровизија – раскажал Берн.

Се случило и претседателката на ЕБУ (Европската радиодифузна унија), која го организира натпреварот, да е по потекло од Франција. Таа сите ги советувала да останат мирни.

Делфин Ернот рече дека ако победиме, сакаме да бидеме победници по заслуги, а не затоа што сме ги дисквалификувале првопласираните. Така што ние не кренавме никаква врева или протест околу тоа – рекол Берн.

Емануел Макрон/Фото EPA-EFE/LUDOVIC MARIN /

Фронтменот на „Манескин“ подоцна беше тестиран за дрога, а тестовите биа негативни… Но Берн никогаш нема да заборави дека го замолиле да ја „прекине“ Евровизија, наводно по наредба на претседателот Макрон.

– Тој секогаш ја гледа Евровизија. Тоа е многу патриотска работа – се смеел водителот Берн, кој ја пренесува Евровизија од 2010 година.

Кабинетот на претседателот Емануел Макрон не одговорил на барањето на „Би-би-си“ да ја коментира приказната.

Манескин ја носат Евровизија во Торино во 2022 година

Групата „Манескин“ објави песна за поддршка на Украина и ги праша Русите „Како спиете навечер?“

ВИДЕО+ФОТО: Манeскин од Италија се годинашните победници на Евровизија!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Роналдо запиша нов рекорд, го престигна Вејн Руни

Следно

Нема заедничко патување во Рим на Ковачевски и Петков

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian