„Гранде“ Пандев во дилема: Уште една година фудбал или во пензија

1 min read

На 6 мај Парма го имаше последниот натпревар сезонава во италијанската Серија Б во кој триумфираше со 1:0 над Кротоне. Во составот на Парма поради повреда не беше поранешниот македонски репрезентативец Горан Пандев.

Од почетокот на годината беше најавено дека нашиот напаѓач по завршувањето на сезоната, по истекот на договорот со Парма ќе ја заврши кариерата.

Денеска италијанските медиуми објавувауваат дека 38-годишниот Пандев е во дилема дали да продолжи да игра фудбал уште една година или да оди во пензија. Потсетување дека тој ја заврши репрезентативната кариера лани по завршувањето на Европското првенство на кое дебитираше Македонија.

Повредите го спречија да игра повеќе оваа сезона, во јануари го облече дресот на Парма, запиша 11 настапи, еден гол и асистенција.

„Спорт Парма“ пишува дека е поголема можноста Пандев да игра и следната сезона, доколку има интересна понуда. За тоа каква ќе биде неговата одлука, ќе се знае во следните денови или недели.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мнозинството Бугари се плашат дека Русија ќе ги нападне или окупира

Следно

Импресивно хоби на новинарот Миодраг Мицковиќ: Колекција од повеќе од 5.000 лажички од сите континенти

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian