ФОТО | Целосна спротивност на мајка и: Ќерката на Џенифер Лопез на удар на критики затоа што негува поинаков изглед

1 min read

Познатата Џенифер Лопез е фотографирана со пријателка и децата додека одела на ручек по повод Денот на мајката. Како и обично, таа го сврте вниманието кон себе со своето специјално модно издание. Таа се одлучи за бел фустан со широк крој над кој носеше кардиган во иста боја. Комбинацијата ја надополни со бела ташна и кафени чевли. Косата си ја врза во високо опавче.

Фото: Профимедиа

Во последно време многумина се заинтригирани за стилот на нејзината ќерка Ема. Изгледа дека девојчето не сака да тргне по стапките на мајка си, туку го гради својот стил во сосема поинаква насока. Ема за оваа пригода се одлучи за широки панталони и обична бела кошула над која носеше елек со детали.

Фото: Профимедиа

Многумина нејзиниот стил го карактеризираа како момчешки, поради што често наидува на негативни коментари. Се појавија и шпекулации дека девојчето сака да го промени полот, но тоа се уште не е официјално потврдено. Џенифер е позната како грижлива мајка и се чини дека го прифаќа изборот на своите деца и ги поддржува во се.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Рекордни 68.000 фанови го гледале младинското финале на ФА Купот

Следно

Поранешен дански министер за одбрана обвинет за оддавање на државни тајни

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian