Црната дупка е точка во вселената каде што гравитацијата е толку интензивна што дури ни светлината не може да избега од неа. Црните дупки се формираат кога ѕвезда станува супернова, исфрлајќи огромни количества материја во вселената додека се преклопува или колабира врз себе.
Американската вселенска агенција НАСА направи аудио од црна дупка со помош на брановите што ги испраќа црна дупка која се наоѓа во галактичкото јато Персеј. Аудиото е адаптирано за да може да се слушне со човечко уво.
„Заблуда е дека нема звук во вселената со оглед на тоа што поголемиот дел од вселената е вакуум, па звукот нема медиум за проширување, но галактичките јата се полни со гасови кои стигнуваат до стотици, дури и илјадници галаксии и на тој начин претставуваат медиум за звучните бранови“, напиша НАСА.