Албанскиот парламент не ја усвои резолуцијата за признавање на геноцидот во Сребреница

1 min read

Парламентот на Албанија попладнево не ја усвои резолуцијата со која требаше да се признае геноцидот во Сребреница. Вкупно 51 парламентарец гласаше против резолуцијата, а само 15 беа „за”.

– Албанија никогаш немала антиалбанец како (премиерот) Еди Рама. Ја згазивте крвта на 8.000 невини бошњачки мажи и деца. Гласавте да ги згазите животите на 100.000 косовски Албанци, оцени поранешниот премиер Сали Бериша.

Тој исто така го обвини Рама дека е „роб на српскиот претседател Александар Вучиќ“ и дека пратениците од владејачката партија гласале по негова наредба.

Пратеникот Тритан Шеху рече дека ова е горчлив и грд ден за албанскиот парламент, пренесува сараевскиот портал Кликс.

– Ние сме единствениот парламент што нема формален документ со кој се осудува геноцидот. Ова е ден кој остава тежок белег на демократскиот свет. Пред неколку дена овие господа гласаа против резолуцијата со која се осудува рускиот геноцид во Украина. Денеска не ја прифатија резолуцијата за осуда на српскиот геноцид во Босна, утре нема да прифатат осуда на српскиот геноцид на Косово. Зошто? Тоа се врски, обврски, Вучиќ е над тоа, рече Шеху.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ОН: Војната во Украина натера шест милиони луѓе да ја напуштат земјата, а осум милиони да бидат внатрешно раселени

Следно

Не се враќа во Барса, Кутињо во Астон Вила до 2026 година

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian