Општина Аеродром деновиве врши обележување и обновување на хоризонталната и вертикалната сигнализација на улиците и паркинзите во Реонски центар.
Денеска службите работеа на обновување на сигнализацијата пред основното училиште „Александар Македонски“ и градинката „Сонце“, информираа од општината и порачаа дека во континуитет работат на подигање на безбедноста во сообраќајот и апелираат да се почитуваат пропишаните правила.