ВИДЕО: Немала пари за нов фустан на евровизиската сцена, но успеа ја воодушеви Европа

1 min read

Едно од најголемите изненадувања на синоќешното полуфинале на Евросонг е Моника Лиу, литванската претставничка за која денес се зборува на социјалните мрежи и во европските медиуми.

Девојката со необична фризура која пееше на мајчиниот литвански јазик влезе во финалето, иако обложувалниците не и дадоа никакви шанси. Пред полуфиналето Моника беше на самото дно, а потоа Европа ја слушна нејзината песна и ја здогледа неа на бината.

Моника на Евросонг пееше во истиот фустан во кој пееше на натпреварувањето во Литванија. Новиот фустан кој го сакала, како што вели, за неа бил прескап.

„Размислував за друг фустан, но пред се, тој кој ми се допадна беше многу скап. Не можев да си го дозволам тоа. Освен тоа, сфатив дека фустанот со кој се претставив во мојата земја е соодветен за големата евровизиска сцена бидејки тој некако стана составен дел од мојот настап“, изјави пејачката претходно.

Некои беа изненадени од нејзиниот премин поради фактот што синоќа настапија Литванија и Летонија, па дијаспората од тие земји во остатокот од Европа мораше да се подели.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФИФА отвори дисциплинска постапка против Еквадор

Следно

Сфативме дека Бугарите се непредвидливи, вели Нано Ружин

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian