ВИДЕО | Направете го сами: Ноќно ормарче од две кутии за леб

2 mins read

Иако многумина од нас уживаат да го опремуваат својот дом со луксузни предмети, реалноста е дека понекогаш едноставно не можеме да си го дозволиме тоа.

Една досетлива жена од Австралија докажала дека не мора да издвоите илјадници денари за во вашиот ентериер да додадете шик парче мебел за кое сите ќе ве прашуваат од каде сте го набавиле.

Во своето ТикТок видео, оваа ентузијастка, која објавува под името @extra.ordinary.home, открива како претворила две дрвени кутии за леб во многу елегантно ноќно ормарче.

„Купив две кутии за леб и ги споив со помош на лепило и клинци“ напишаа таа во описот на видеото.

Сама обликувала дрвени ногарки од неколку помали даскички и ги залепила, а потоа го офарбала нејзиното ново ноќно ормарче со цел да одговара на нејзиниот ентериер.

Доколку веќе имате кутии за леб, можете да ги искористите нив, па така трошокот ќе ви биде минимален.

Резултатот е толку добар, а што е најинтересно, на прв поглед малкумина би погодиле дека всушност ноќното ормарче е создадено од две најобични кутии за леб.

Погледнете како изгледа процесот, бидете креативни и создадете си вакво шик ноќно ормарче:

@extra.ordinary.home So I got two bread bins from @kmartaustralia and stuck them together using glue and nails I acquired somewhere along the line from @bunningsau Following this I fashioned some timber legs using offcuts and stained them using @feastwatson Prooftint in ‘Oak’. I attached the legs with screws and then painted the rest with Porter’s Eggshell Finish in ‘Wet Cement’. #kmarthack #breadbinhack #diy #diyfurniture #furniturehack #breadbin ♬ original sound – extra.ordinary.home

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вимблдон ќе биде „казнет“ поради забраната на учество на Руси и Белоруси?!

Следно

ВИДЕО: Повреден штрк се однесува чудно во двор од градинка, нема кој да го фати и да му помогне

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian