Украина предлага размена на повредените војници во Азовстал

1 min read

Заменик премиерката на Украина, Ирина Верешчук изјави дека Киев предложил повредените украински војници од челичарницата Азовстал во Мариупол да бидат разменети за руските воени заробеници.

-Сè уште нема договор. Продолжуваат преговорите, напиша Верешчук на социјалните мрежи.

Таа додаде дека украинската Влада работи на повеќе опции како да ги спаси бранителите опколени во Азовстал.

-Ниту една опција не е совршена, посочи Верешчук.

Украинските војници кои се наоѓаат во Азовстал повеќепати изјавија дека нема да им се предадат на Русите. (МИА)

kurir.mk

Претходно

На рекреативец му се слоши на Матка, го спасуваа екипи на ЦУК, полицајци, пожарникари и Брза помош

Следно

ВИДЕО: Челси се приближи до ЛШ и го остави Лидс во зоната за испаѓање

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian