Шмит ги предупреди ОН: Нестабилноста во БиХ станува сериозен проблем

1 min read

Високиот претставник за БиХ, Кристијан Шмит, денеска го предупреди Советот за безбедност на Обединетите нации дека нестабилноста во БиХ станува сериозен проблем бидејќи трае предолго, а предизвиците за интегритетот и зачувувањето на земјата растат, пишува Хина.

Шмит првпат се обрати пред Советот за безбедност како висок претставник, бидејќи минатата година во тоа беше спречен од претставници на Русија и Кина. Тие се обидоа да го сторат тоа и денес со тоа што ја оспорија неговата легитимност.

Рускиот амбасадор Василиј Небензија рече дека неговата земја, суспендирана од членството во Советот за имплементација на мирот на БиХ (ССМ), не го признава „германскиот државјанин“ Кристијан Шмит за висок претставник, бидејќи неговото назначување не било претходно потврдено од Советот за безбедност на ОН.

„Шмит нема право да зборува во име на меѓународната заедница или да поднесува какви било извештаи“, рече Небензија, додавајќи дека ставот на Москва е дека местото на високиот претставник е всушност празно.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Зеленски: Да беше Украина членка на НАТО, војната немаше да се случи

Следно

ФФМ на Конгресот на УЕФА, ќе добие 17 милиони евра за едукација и развој

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian