Санација на ударните дупки и обновување на сообраќајната сигнализација на улиците во општина Центар

1 min read

Екипите на ЈП Улици и патишта денес ги санираа ударните дупки на булеварот Кочо Рацин во површина од 22метри квадратни и на улицата Френклин Рузвелт во површина од 18метри квадратни во насока од булевар Илинден до булевар Метрополит Теодосиј Гологанов.

Одговорните екипи за одржување на сообраќајната сигнализација на градските улици продолжија со монтажата на звучните сигнали на семафорите и поставија вкупно дванаесет звучни сигнали за лица со нарушен вид на семафорите на крстосница булевар Кочо Рацин со улица 11ти Октомври.

Обележување на такси станиците денес имаше на булеварот Крсте Мисирков и на улицата Димитар Влахов со вкупен капацитет на 17 возила.

Улици и патишта Скопје по налог на Град Скопје продолжува и во наредните денови со извршување на предвидените активности во рамките на акцијата во општина Центар.

skopjeinfo.mk

Претходно

ЕЦБ со најава за прекин на програмата за поттикнување на купување обврзници

Следно

Масакр како од хорор филм: Во Србија жена го исекла сопругот со моторна пила додека спиел

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian