Масакр како од хорор филм: Во Србија жена го исекла сопругот со моторна пила додека спиел

1 min read

Припадниците на Министерството за внатрешни работи во Зрењанин, Србија, ја уапсија четириесет и шест годишната Тереза ​​Периќ која синоќа во семејната куќа во српскиот град Зрењанин , со моторна пила го пресекла својот сопруг Срѓан Периќ додека спиел.

Според првите информации, сопругата најпрвин го избола со нож сопругот кој бил во сон, а потоа, како што се наведува , го исекла со моторна пила.

Соседите, иако се уште не е потврдено, тврдат дека на овој монструозен чин присуствувало едно од трите деца кои осомничениот ги има од првиот брак.

Тие изјавија и дека сопругот на осомничената никаде не работел и дека наводно живееле од социјална помош и од помошта која ја добивале од Црвениот крст.

„Ги познавав од видување, бидејќи неодамна се преселив овде. Навистина не знам што се случило, некои велат дека било семејно насилство и дека на жената очигледно и дошло преку глава, изјавила една жена од соседството за српските медиуми

Телото на убиениот е однесено на обдукција, а полицијата доцна синоќа спроведе истрага, додека осомничената Тереза ​​е уапсена и и е одредена мерка притвор до 48 часа, по што ќе биде изведена пред Вишото обвинителство во Зрењанин.

Конечниот одговор кој бил мотивот за убиството, надлежните ќе го дадат по завршување на истрагата.

Полицијата освен што потврди дека се случило ова страшно злосторство, не соопштува други детали.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Санација на ударните дупки и обновување на сообраќајната сигнализација на улиците во општина Центар

Следно

Ѓоковиќ на три чекори од историја во Рим

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian